Mozzartbet MK – Квалитетна обложувалница со голема пазарна разновидност

Mozzartbet, или едноставно Mozzart, е една од најпосетуваните онлајн обложувалници во Европа, особено помеѓу балканските играчи. Некои од причините за популарноста на оваа онлајн обложувалница се големиот број на спортови кои се покриени, одличните коефициенти и атрактивните бонуси. Доколку сте играч од Македонија и сакате да се зачлените на овој сајт, прочитајте ја нашата темелна рецензија за Mozzartbet MK.

Влез на Mozzartbet

Како да се регистрирам на Mozzartbet MK

За да може да играте со вистински пари и да го искористите бонусот за добредојде (Welcome Bonus) кој го нуди Mozzart MK, потребно е да се регистрирате. За среќа, овој процес е прилично едноставен.

Ова е всушност процес од еден чекор во кој треба да споделите неколку основни информации со Mozzartbet. Покрај изборот на корисничко име и лозинка како и споделување на имејл адресата, секој кој заинтересиран за Mozzart oblozuvanje треба да го запише своето име и презиме, дата на раѓање, занимање, адреса, валута и телефонски број и да ги прифати условите за користење.

Откако ќе ја завршите гореспоменатата постапка, потребно е да го верификувате вашиот имејл преку активацискиот код. Иако нема потреба да праќате скенирани документи за да почнете да се обложувате, сепак ваквите копии ќе бидат потребни кога треба да повлечете пари.

Процесот на верификација е задолжителен бидејќи Mozzart oblozuvalnica e фирма регистрирана во Малта која ги следи европските регулативи.

Уште еднаш да потсетиме дека само доколку го завршите процесот на регистрација ќе може да го искористите бонусот за добредојде.

Mozzart bet registracija

#1Специјални промоции за уникатно обложувачко искуство на Mozzart Македониjа

  • 4.9
    • Преку 450 спортови и натпреварувања
    • Одлична понуда за кладење во живо
    • Интересни промоции со голем потенцијал

Бонуси и промоции на Mozart MK

Welcome bonus/бонус за добредојде – Бонусот за добредојде може да биде искористен во Mozzart kazino и Mozzart kladilnica. Новорегистрираните играчи ќе добијат 100% бонус на нивниот прв депозит во вредност од максимум 400 евра и 100 бесплатни спинови кои може да се искористат на специфични слот игри. Минималната уплата е 20 евра. За да добиете максимум, уплатете 300 евра и ќе добиете 300 евра во кеш бонус за слот игри и 100 евра за спортско кладење.

Бесплатните спинови ќе ги добиете без разлика на износот на вашата уплата. Запомнете дека треба да го употребите кодот BONUS400 за да ја активирате оваа понуда. За да може да ја повлечете добивката од кеш бонусот, мора да ги вложите добиените средства 35 пати на слотови. За спортско кладење потребно е да ги вложите 4 пати на барем 4 настани со минимален коефициент од 1.35.

Други промоции – Редовните играчи може да ја искористат понеделничката акција за поврат на пари (Monday Cashback) овозможена од Mozzart bet. Имено, оваа кладилница покрива до 25% од вашите загуби од претходната недела. Процентот кој може да го очекувате зависи од вашата активност на сајтот. Покрај овој бонус, Mozzart MK нуди промоции како Супер Мулти Бонус за тикети со повеќе настани, бонус коефициенти за специфични натпревари и тн. Сите бонуси кои ги споменавме овде можат да бидат предмет на измени. Исто така, оваа обложувалница може да повлече или да додаде некои промоции. За да бидете во тек, ве советуваме да го посетувате нашиот сајт редовно.

Платежни средства достапни на Моцарт МК

Доколку сакате да уплатите средства на вашата сметка на Mozzart kladilnici, тогаш треба да знаете дека постојат пет методи на уплата. Овие методи вклучуваат дебитни и кредитни картички од Visa и Mastercard, дебитни и кредитни картички од Skrill, NETELLER и Skrill електронски паричници и Trustly. Mozzartbet не наплаќа провизии, а секоја транскација се обратобтува инстантно. Не заборавајте дека минималната уплата е 10 евра.

Очекувано, бројот на опции за повлекување пари е помал, но сепак доволен за потребите на повеќето играчи од Македонија. Mozzart oblozuvalnica дозволува повлекување на средства со помош на Visa и Mastercard дебитни и кредитни картички, Skrill и Trustly. Добрата вест е дека нема да ви наплатат за ваквите барања и дека секое барање се обработува за не повеќе од 48 часа. Конечната реализација на трансферот зависи и од сервисот кој стои позади методот на исплата кој сте го избрале. Минималната исплата е 20 евра без разлика на методот кој сте го избрале.

Кои пазари им се достапни на играчите на Mozzartbet

Покрај можноста да се обложувате на стотици спортови и натпреварувања, уште една работа која го прави Mozzartbet добра опција е големиот број на пазари кои може да ги искористи секој играч.

Не е необично да најдете натпревари кои нудат преку 30 пазари со десетици опции на овој сајт. Ова е особено вистинито за фудбалските натпревари во најсилните светски лиги. Се разбира, некои од најпопуларните пазари кои може да ги најдете на Mozzart вклучуваат типување на конечниот исход, двојна шанса, вкупно голови и дали двата тимови ќе постигнат гол.

Покрај овие, може да најдете и помалку користени, но сепак возбудливи и потенцијално лукративни пазари како полувреме-крај + голови, двојна шанса + голови, полувреме со повеќе голови, број на корнери и тн. За најпопуларните мечови и натпреварувања можни се специјални пазари кои оваа активност ја носат на ново, повозбудливо ниво. Имајќи ги предвид овие работи, не е чудно што Mozzart kladjenje е еден од најбараните поими на големите онлајн пребарувачи.

Mozzartbet пазари

Спортови достапни на Mozzart bet MK

Во моментот кога ја пишувавме оваа Mozzart рецензија избројавме преку 12 спортови достапни на сите регистрирани обложувачи. Сепак овој број се однесува на натпреавари кои се во моментот достапни што значи дека Mozzartbet MK покрива и други спортови. Како што напоменавме, главниот акцент е ставен на фудбалот како најпопуларен спорт во светот како и на останатите главни спортови – кошарка, тенис, ракомет и тн.

Дополнително, може да се обложувате и на помалку популарни спортови на овие простори како ватерполо, американски фудбал и пинг понг. Mozzart bet MK oblozuvanje нуди и е-спортови вклучувајќи настани поврзани со Counter Strike, Dota 2, и League of Legends. На крајот би ги спомнале и виртуелните игри како виртулни NBA мечеви и виртуелен тенис овозможени од Mozzart. Голема предност е што со помош на Mozzart rezultati опцијата може да ги видите претходните резултати на екипите и играчите во било кој спорт.

Стримови на високо ниво и обложување во живо со Кладилница Mozzart

За љубителите на акција во живо, Mozzart MK нуди обложување во живо. Оваа опција не е тука само колку да се каже дека сајтот ја има. Напротив, може да очекувате десетици натпревари во живо на кои може да се обложувате. Секако, сите популарни (и помалку популарни) спортови се покриени.

Коефициентите на овие мечови во живо се ажурираат редовно а играчите добиваат можност да се кладат без застој со најдобрите коефициенти. Уште една работа која е цредна за споменување е дека овој сајт нуди стримови во живо. Играчите кои користат Mozzart oblozuvalnici може да очекуваат видео преноси но исто така и текстуални коментари на некои од најпознатите спортови и натпреварувања.

Ни се допадна тоа што полето за Mozzart MK oblozuvanje во живо е прегледно и се што ви е потребно е оддалелено на еден клик. На овој начин може брзо да се селектирате неколку опции и да ставите облог пред да се сменат коефициентите. Според она што ние го искусивме, немаше никакви застои или проблеми дури и во спортови каде резултатите се менуваат брзо. Исто така Mozzart MK rezultati опцијата функционираше беспрекорно.

Mozzart казино – Еднакво добро како обложувалницата

Mozzart исто така има страница посветена на казино игри. Во ова онлајн казино ќе најдете повеќе од 500 атрактивни наслови. Се разбира, слотовите доминираат што е и очекувано имајќи предвид дека се најбараните игри. Да бидеме попрецизни, речиси 1000 онлајн слотови се достапни во Mozzart kazino. Добрата вест е дека се произведени од познати провајдери/брендови како Pragmatic Play, Spinomenal, Amusnet Interactive, Endorphina и многѕ други. За да биде поинтересно, на корисниците им се достапни и ексклузивни брендирани слотови.

Речиси сите гореспоменати слотови имаат бонуси како бесплатни спинови, мини игри, мултипликатори и други изненадувања кои ги прават играчкото искуство повозбудливо. Некои од најпоуларните слотови во моментов се Mozzart bet MK Book of Demi Gods II, 40 Burning Hot, Hit Slot, Gates of Olympus и Bigger Bass Bonanza.

Исто така треба да се спомене дека има и други казино игри како видео покер и игри со карти. Оние кои сакаат да доживеат атмосфера слична на физичките казина може да ја посетат страницата за казино во живо. Тука ќе најдат преку 50 игри раководени од професионални и симпатични хостеси и дилери. Покрај рулет и блекџек, корисниците на Mozzart casino во живо ќе може да пробаат бакарат и казино шоуа како Sweet Bonanza CandyLand и Mega Wheel.

Мобилност – Mozzartbet MK е оптимизиран за смартфони и таблети

Mozzart MK е модерна обложувалница и како таква ги следи најновите трендови во оваа индустрија. Затоа, не е изненадувања што овој сајт е комплетно оптимизиран за мобилни играчи.

Прво, играчите може да симнат две мобилни апликации во зависност од оперативниот систем на нивниот паметен телефон или таблет. Имаме Android верзија која може да се симне од Google Play Store и iOS верзија достапна преку Apple App Store. За беспрекорно функционирање потревно е да имате Android верзија 4.1 или понова или iOS верзија 15.0 или понова. Речиси сите опции кои ги имате на сајтот се достапни и на мобилните апликации.

Второ, играчите може да пристапат на овој сајт и преку мобилен веб прелистувач како Google Chrome или Mozilla Firefox. Сајтот има респонзивен дизајн кој се прилагодува на вашиот мобилен уред овозможувајќи непречено користење. Дури и навидум помалку важните функции како Mozzart rezultati MK се достапни на овој начин.

Безбедност и сигурност

Mozzart обложувалницата е во сопственост на Mozzartbet, компанија која е регистрирана на Малта. Затоа не е изненадување што оваа онлајн обложувалница поседува лиценца издадена од Malta Gaming Authority (MGA), едно од најпознатите и најпочитуваните регулаторни тела во оваа област.

Сите транскции преку Mocart кладилница се енкриптирани со најнова SSL технологија која овозможува заштита од злонамерни напади на хакери. Исто така, логовите од игрите, личните податоци и останати сензитивни детали се енкриптирани. За повеќе информации, корисниците може да ја прочитаат политиката на приватност и користење која е јавно достапна на самиот сајт. Тука ќе најдете податоци поврзани за безбедноста и сигурноста обезбедена од оваа обложувалница.

Грижа за корисници

Користењето на Mozzart е едноставно, но сепак можни се ситуации во кои ќе ви биде потребна помош. Се разбира, како корисник кој бара непречено обложување, сакате да добиете помош кога и да ви затреба. Моцарт обложувалницата ви обезбедува корисничка поддршка на три начини.

Најпопуларниот е live chat (разговор во живо) со еден од нивните агенти за поддршка преку текстуални пораки на самиот сајт. Потоа имате e-mail поддршка. На крај може да ја користите страницата за поддршка каде ќе најдете многу прашања и одговори. Во најголем број случаи може да очекувате одговор за помалку од 24 часа. Запомнете дека live chat функцијата е достапна само за време на вообичаените работни часови. Сепак, корисниците може да остават порака и ќе добијат одговор во моментот кога операторите ќе се вратат на работа.

Од тоа што ние го видовме, иако сајтот е достапен на македонски, поддршка на македонски јазик во моментот не е возможна.

ЧПП

  • Дали може да се користат други начини на плаќање освен кредитни/дебитни картички на Mozzartbet?

    Да. Покрај стандардните VISA и Mastercard картички, корисниците може да употребат електронски паричници како NETELLER и Skrill и електронскиот сервис Trustly да уплатат или повлечат средства на овој сајт.

  • Дали постои Mozzart апликација за мобилен телефон?

    Да. Всушност постојат две верзии на мобилан апликација за мобилни уреди создадени од Mozzartbet. Првата е за Андроид уреди а втората за iPhone и iPad. Во зависност од тоа каков уред имате, ќе треба да го посетите Google Play Store или Apple App Store за да ги симнете, инсталирате и користите овие апликации.

  • Колку време е потребно за да ги повлечам добивките од Mozzart?

    Без разлика на тоа кој метод на исплата ќе го изберете, потребно е до 48 часа за вашето барање да биде обрабетно. Запомнете дека овие средства нема веднаш да пристигнат на вашата картичка бидејќи и на вашата банка и треба време да го процесира тоа барање.

Нашите прегледи за најдобрите страници за обложување

March 14th, 2023 | Стефан Бабунски
Скокни на врвот
olux